Кога избираат невестински фустан, жените внимаваат на секоја детаљ

Токму затоа и се прашуваме колку дами би избрале на својот најважен и најубав ден во животот да облечат фустан од тоалет хартија? Тоа секако дека воопшто не звучи како добра идеја, нели? Но откако ќе ги видите овие прекрасни венчаници направени токму од овој необичен материјал, најверојатно и вие ќе го промените вашето мислење.

Секој детаљ од овие фустани е направен исклучиво од тоалет хартија, па дури и велот, а креациите на оваа тема веќе 13 години се натпреваруваат во САД за титулата која ќе биде најдобра. Натпреварот е дело на организацијата Cheap Chic Weddings, а некои од венчаниците кои учествуваа навистина се прекрасни. Победниците на натпреварот добиваат примамлива награда од 10.000 долари, а оваа година тоа беше Кари Курлето.

Ова е нејзиниот фустан ...

Победничкиот фустан ја има и таа чест да виси во познатиот њујоршки музеј Ripley's Believe It or Not!, во кој се изложени чудни вести, приказни, неверојатни видеа, фотографии и уште мнооогу други необични работи, вклучувајќи ги и венчаниците од WC хартија.

Па, што велите за оваа мрдната идеја?

На следната страна погледнете ги фустаните од овој натпревар >>


Booking.com