matte

И покрај тоа што главната сезона за годинешните свадби помина, денес во фокусот ни се идните невести кои бараат инспирација за невестински фустани.

Calvin Klein Collection

Па, доколку вашиот омилен модел се уште го немате пронајдено во нашите најдобри салони за невестински фустани (види ги тука), добра идеја е да ги консумирате странските веб страници и да проверите, ако ништо друго барем во потрага по инспирација што сугерираат по тоа прашање најпознатите светски имиња. А кога веќе сме кај нив треба да споменеме дека и на нивните полици можат да се најдат фустани кои со својата боја, материјал, крој или детали совршено одговараат за свадбени пригоди. Станува збор за вечерни фустани направени во традиционална бела боја кои се истакнуваат со богат вез, тантела и деликатни цветни мотиви така што воопшто нема да имате проблем да ги претворите во совршени венчаници.

Self-Portrait

Некои од овие фустани ги пронајдовме во продавниците на „Net-a-porter“ (фустаните од брендовит Self-Portrait и Needle & Thread) за кои сме сигурни дека ќе ги воодушеват идните невестите кои преферираат бохо изглед.

Roksanda

Покрај нив тука се и преубавите, строго минималистички креации на Стела Мекаетни, Рокаснда Илиниќ, Роланда Мурет и Келвн Клајн. Тука се крие и фантастичен комбинезон кој дефинитивно ќе им се допадне на НЕ така типичните невести.

Juan Carlos Obando

Па погледнете ја нашата галерија и погледнете ги овие прекрасни фустани, а доколку сакате да видите и кои се најдобрите салони за невести во Македонија, кликнете тука и разгледајте ја нашата интерактивна мапа.

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО