Познатиот модел во бели бикини

Емили Ратајковски на социјалните мрежи сподели фотографија на која позира во тренди дводелен костим за капење во бела боја. Познатата 26 годишна манекенка и актерка позира потпрена на сивиот ѕид додека во преден план е нејзиното секси тело, а нејзината кафеава коса е разбушавена и префрлена преку рамениците.

Инаку, познатата ѕвезда неретко објавува фотографии на кои носи провокативни костими за капење. Таа успешно се справува со објективите, иако редовно добива и бројни замерки поради нејзините експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Но, како што неодамна изјави за магазинот Style главните критики се во стилот: „Дали и зошто едноставно се согласувам со патријархалните стандарди за убавина?“,

„Па, ова е само телото што ми е дадено и јас немам направено ништо во врска со него. Тоа едноставно е моето тело, па дури и да сум сменила нешто на него, и тоа е сосем во ред„, вели таа. И кога станува збор за флертување, Емили верува дека има право да прави што сака со своето тело: „Мое право е дали сакам и кога да ја споделам мојата сексуалност?“

Што мислите вие?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?