Карнерите се хит веќе неколку сезони

Карнери во сите можни големини и облици се популарни на модната сцена веќе неколку сезони. Ова лето тие се присутни и кај едноделните и дводелните костими за капење, правејќи го летото да изгледа уште поромантично. Најпрво се појавија на кратките блузи, здолништа и фустани, а потоа и на парчињата кои што го имаат главниот збор кога се сончаме на базен или плажа. Со овие симпатични карнери нашите костими за капење дефинитивно изгледаат уште поромантично, поженствено и понежно, а ние - едноставно неодоливо . Познатата дизајнерка на костими за капење Лиса Марија Фернандез чии модели ги обожаваат познатите светски ѕвезди и најпознатите модни блогерки е една од главните виновнички што овој тренд се прошири и на плажите (и што истиот потоа со раширени раце го прифатија и најпознатите комерцијални брендови!). Нејзините костими за капење изгледаат прекрасно, а ние ви препорачуваме да изберете модел зачинет токму со еден ваков детаљ.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?