loading...

На модната недела во Мајами беа прикажани костимите за капење за следната година. Тие навистина изгледаат атрактивно, а во некои случаи и претерано секси така што крајниот впечаток би можел да биде дури и негативен.

Актуелни се моделите со мрежа, транспарентни делови, микро горни делови, долни делови со ленти од страната, односно модели кои повеќе откриваат отколку што сокриваат. Исто така еден од водечките трендови за следната сезона се и костимите за капење во боја на кожа (кои со нетрпение чекаме да видиме како им стојат на покрупните девојки!). Тие навистина изгледаат софистицирано, но воедно и по малку потсетуваат на долна облека, и ова особено важи за моделите кои немаат класично врзување на горниот или долниот дел. 

Многу од овие модели би можеле да ги носат само згодни девојки, додека покрупните како да се ставени во втор план, што воопшто не е во ред, нели?

Или пак едноделни модели кои изгледаат како да се свртени наопаку и во кои сончањето сигурно ќе ви биде и повеќе од забавно ...

Што мислите вие?

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО