Најдобрите верзии кои можат да се најдат низ продавниците во Македонија

Таканаречените „Teddy Bear“ капути веќе неколку сезони ги освојуваат трендсетерките од целиот свет – како поради својот неодолив изглед така и поради тоа што преставуваат една од потоплите опции за најстудениот период во годината. И додека досега најчесто ги гледавме во беж и кафеави нијанси оваа сезона во мода се разни бои со кои без проблем ќе можете да го разбиете сивилото и тмурните денови кои се пред нас.

Постојат многу верзии, а ние пронајдовме одлични два модели во продавниците на Зара – и тоа еден во нежна пастелно сина боја и друг во длабока бургунди нијанса на која никој не може да остане рамнодушен. Можете да ги порачате онлајн или да ги купите во продавниците на овој познат шпански бренд, а нивната цена е 4590 денари.

Па, кој од овие два модели ви се допаѓа повеќе?

Погледнете ги и останатите модели од најдобрите брендови во Македонија ...

види повеќе »

barate

 

loading...

Booking.com