Тренд што ќе биде број еден и оваа зима

Бундичките од вештачко крзно се совршен избор за овој период од годината без разлика дали ќе одлучите за неутрални нијанси или за оние со дезени. Тие изгледаат луксузно, а воедно се и еколошки прифатливи и со нив можете да ги „подигнете“ и да внесете гламур во вашите есенски и зимски изданија. Покрај долгите кроеви, се носат и кратки, а меѓу најпопуларните се и женствените „винтиџ“ модели. Тие иако на модната сцена се појавија пред неколку сезони, се уште владеат со улиците. Зачинети се со богати јаки и длабоки изрази, со должина малку под задникот, а во понудата на хај-стрит продавниците можат да се најдат и модели со „Петар Пан“ јака или без јака. Во мода покрај црно и кафеаво еко крзно се и оние во пастелни или силни нијанси, како и неодоливите модели со леопард дезен.

Miu Miu за есен-зима 2017-2018

види повеќе »

barate

loading...

Booking.com