Оваа сезона овој горен дел е хит

На Инстаграм го носат сите ѕвезди, а станува збор за црн топ со бели прерамки на кои се наоѓа дизајнерското лого на Диор. Моделот е од нивната последна летна колекција и досега најверојатно сте го забележале на социјалните мрежи бидејќи го носат бројни блогерки, манекенки и други ИТ девојки. Токму поради неговата популарност, полека станува и еден вид статусен симбол, бидејќи не може секој да си го дозволи ова дизајнерско парче.

Но ако сакате и вие да изгледате како овие инста ѕвезди, а имате многу помал буџет од нив (и не добивате скапи дизајнерски парчиња на поклон) имаме супер вести за вас. Во Бершка пронајдовме потполно сличен топ како овој од Диор, но со многу поповолна цена. Воопшто не ни е јасно како досега не сме го забележале, бодејќи воопшто не станува збор за парче од новата колекција, туку веќе е на попуст.

Треба да го побарате во одделот за спортски градници (да се надеваме дека го има и во Македонија!), а откако ќе го најдете знаете што треба да направите за да се приклучите на клубот со девојките од Инстаграм кои досега се фотографирале со овој модел.

Па, дали би го носеле овој модел?

barate


Booking.com