loading...

Тексасот се врати на мода на голема врата пред неколку сезони и оттогаш е постојано присутен во сите наредни колекции, па така и во оваа пролетна сезона во тренд ќе бидат комбинациите тексас со тексас.

Pull and Bear 2,190.00  MKD

Ако некогаш овие комбинации беа незамисливи, денес тие се апсолутен хит, па доколку сакате на вас да гледаат како на девојка која ги следи трендовите, тогаш во вашата гардероба задолжително внесете комбинации на тексас со тексас. Станува збор за материјал кој едноставно сите го сакаат и со задоволство го носат (сигурно имате омилени фармерки и тексасно палто), така што нема воопшто да ви биде тешко да ги склопите новите комбинации во претстојната сезона. Секако, можете да ги искористите тексасните парчиња што веќе ги имате и да додадете по некое ново, за освежување на вашата гардероба.

ZARA 2,790.00 MKD

Тексас од глава до пети е добитна комбинација за оваа сезона, а доколку ви е потребна инспирација како да ги склопите различните парчиња тексас, погледнете ги овие интересни комбинации и неизбежни парчиња од новата пролетна колекција на „Манго“ за пролет 2015.

парчиња од џинс во Манго »

Па, на вас останува да изберете дали ќе носите „boyfriend“ фармерки, старки и кошула, или пак некој кошула-фустан од тексас. Со тексасот е лесно, како и да одлучите, што и да изберете, на крај многу тешко ќе погрешите.

Pull and Bear 2,190.00  MKD

Што се однесува до фармерките, оваа сезона покрај неодминливите skinny  и boyfriend модели, во мода ќе бидат и фармерките со висок струк, па и ѕвонарките, а доколку сакате да ги видите најдобрите модели од продавниците за улична мода, кликнете тука или отворете ја следната галерија.

топ 35 фармерки за пролет 2015 »

ZARA 1,990.00 MKD

Како што веќе рековме, оваа сезона тексасот е must-have без разлика дали станува збор за старите добри фармерки, кошули, тексасни комбинезони, фустани, ретро тексасни здолништа или тексасни јакни, а за да ги видите најдобрите тексасни парчиња од Bershka, Pull and Bear, Stradivarius и Zara, кликнете тука или отворете ја галеријата подолу.

топ 30 парчиња од тексас »

barate

loading...
Loading...
loading...