Бела Хадид во мобилниот ги има броевите на сите познати брендови но и покрај тоа често ја гледаме како фура модели од познатите хај-стрит брендови.

Познатата манекенка го освојува Њујорк со нејзините интересни модни комбинации. Но она што навистина е за пофалба е нејзината умешност скапите дизајнерски парчиња да ги носи во комбинација со оние кои ги купува во продавниците од комерцијалните брендови како што се Зара, Топшоп и Манго. 22 годишната манекенка неодамна се прошета во чевли од Манго кои можеме да си ги дозволиме сите.

Станува збор за моделот Slingback кој ни доаѓа во две нијанси – nude и црна, а Бела своите ги носеше во комбинација со фармерки „Good American“ на познатата ријалити ѕвезда, Клои Кардашијан, краток топ и чанта од Диор. 

Обувките се со блок потпетици кои се мошне популарни во моментот, но одличен избор за вршење на нашите секојдневни обврски.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?