matte

Папучите се хит во последните неколку сезони

И додека многумина на почетокот се сомневаа во враќањето на овој тренд кој беше популарен во раните 90-ти (сетете се само на популарноста на „грдите“ Биркинсток папучи од пред неколку сезони), по се изгледа дека оваа сезона сите попуштија и набавија пои еден пар. Но еден модел поприлично се издвојува од останатите и во моментов важи за еден од најпопуларните меѓу ИТ девојките. Станува збор за папучи со широки високи потпетици, со помпони и реси кои не може да не ги забележите, и кои, верувале или не, можете да ги најдете во продавниците на познатиот комерцијален бренд Зара.

Супер нели?!

Особено ако успеете да ги најдете на попуст бидејќи сепак станува збор за едни од најпосакуваните обувки за оваа сезона, кои дословно ја преплавија социјалната мрежа Инстаграм, па побарувачката за нив е огромна.

Нови три модели на патики од Адидас кои им се омилени на девојките ова лето >>

Една од најголемите предности и е што изгледаат многу поскапо отколку што навистина се, но и тоа што можете да ги носите како во дневни, така и во вечерни комбинации и да бидат едни од вашите омилени обувки за ова лето.


.
Што мислите вие?

Погледнете ги и нашите омилени сандали за ова лето >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com