Секако дека постојат и еднорог Лобутинки и навистина се магични!

Ако сакате вашиот производ да стане хит во 2017 тогаш во него внесете ги елементите кои можете да ги опишете со зборовите „еднорог“ или „сирена“. Тие волшебни зборови ги отвораат сите порти, особено виралните и тоа важи за било кој производ.

На ваквата магија не можеше да одолее ни генијалниот дизајнер Кристијан Лобутин на кој и не му требаат трикови за да ги освои жените со своите обувки. Но тој сепак се послужи со магијата на овие зборови, а резултатот е овој неверојатен модел.

Признаваме, можеме цел ден да фантазираме и да гледаме во овој пар со препознатливи црвени потпетици. Видеото го сподели стилистката Саманта Мекмилен а чизмите се дел од колекцијата на дизајнерот за следната есен. Магијата се случува кога со рацете ќе ја погалите површината на чизмите па бојата се менува од сребрена во шарени металик нијанси. И сето тоа благодарение на стотиците светки со кои се покриени.

I'm calling this "Unicorn skin." Fancy new sequined boots @louboutinworld of course. #unicornskin #ChristianLouboutin #fw17 #sequinedboots

A post shared by Samantha McMillen (@samanthamcmillen_stylist) on

Лобутинките Еднорог во продажба ќе се најдат во средината на мај пишува познатиот портал „Allure“. Ако земеме во предвид дека стилистката која што го објави видеото соработува со бројни славни дами, вклучувајќи ги тука Дакота Џонсон и Ел Фанинг, Амбер Хард и многу други, нема да се изненадиме ако наскоро ги видиме и на црвениот килим.

Па што мислите вие за овие Лобутинки?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?