Време е и за шик и неодоливи капути

Покрај преубавите модели на чизми за кои веќе ви пишувавме (види тука), оваа есен изненадени сме и од големата понуда на шик капути. Во мода се поедноставните кроеви кои на секоја дама и додаваат доза на елеганција, а што се однесува до боите популарни се нажната розова, белата и сите беж нијанси. Секако не треба да ги заборавиме и сивите, црните и маслинестите варијанти кои во последните неколку сезони се наметнаа како класици.

Од дезените карираниот дефинитивно е еден од најпопуларните кој веќе многу често го гледаме и на нашите улици, но и во излозите на познатите брендови. Па, разгледајте како овие тренди девојки ги носат најубавите капути за оваа сезона, а потоа отворете ја галеријата на крајот од текстот и погледнете ги цените на моделите што ве чекаат во продавниците.

види повеќе »

Booking.com