Некои модели едноставно се вечни!

Од опуштените тексас јакни до елегантните мантили со кои можете да изгледате како на филмско платно, јакните секоја есенска сезона ни се враќаат како задолжително парче во нашите комбинации. Минатата година еден од најпродаваните модели во продавниците на култниот бренд Зара (кој воедно важи и за еден од најпродаваните во нивната историја) беше кожната пилотска јакна која ги освои трендсетерките од целиот свет.

Најверојатно поради нејзината популарност, но и бидејќи станува збор за кул модел на кој едноставно времето не му минува, оваа јакна повторно се врати на нивните полици и дефинитивно е едно од оние парчиња во кои вреди да инвестираме.

Оваа сезона новина е тоа што покрај класичниот црн модел кој беше хит минатата есен, Зара нуди и две нови нијанси – темно црвена и маслинесто зелена. Која и да ја изберете нема да погрешите, а како тие изгледаат и како да ги носите погледнете во продолжение ...

На следната страна погледнете ги сите три нови нијанси >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?