Внимавајте, откако ќе ги погледнете овие фотографии, може да дојдете во искушение непланирано да си ја потрошите заштедата ...

Некако чудно ни е да зборуваме за есенските и зимските трендови додека надвор температурите се екстремно високи, нели? Но разумните девојки многу добро знаат дека сега е вистинското време да се прошетаат низ подвижните скали и да ги посетат омилените продавници (во Скопје сити мол и не е така жешко, а најверојатно има и неколку одлични трговски центри онаму каде планирате да одите на одмор). Но зошто баш сега? Па затоа што токму сега е најдобриот момент да уловите нешто на попуст, а кое ќе можете да го носите во преодниот период (и следното лето, секако!). Од друга страна и нашите омилени комерцијални и дизајнерски брендови веќе ги изложија своите генијални модели кои ќе бидат хит оваа есен. Од преубави фустани со дезени, до неодоливи кафтани кои се одличен избор за овој период од годината, отворете ја галеријата и погледнете ги моделите што ви ги предлагаат нашите модни уредници.

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?