Познатиот бренд посвети дел од колекцијата на најголемиот хит за ова лето

Бершка неколку парчиња од својата нова колекција ги посвети на песната која важи за најстриманата песна на светот. Станува збор за хитот „Despacito“ на порториканскиот пејач Луис Фонсија (сигурни сме дека оваа песна и кај вас по неколку пати на ден се појавува на вашиот ѕид на социјалните мрежи, а голема е веројатноста заразниот ритам и во моментов да ви се врти во главата!). Познатиот бренд одлучи да ја искористи славата на оваа песна па во новата колекција можете да најдете машки и женски маици, како и боди (црвено и црно) со натписот DES-PA-CITO. Па, ако сакате да ги нервирате вашите пријатели и најблиски на кои им е преку глава од оваа песна, или едноставно го обожавате нејзиниот ритам, зачинете го ова лето со еден од овие модели кои можете да ги пронајдете во продавниците на Бершка.

Фото: Bershka


Booking.com