Кајли и Кендал Џенер, оваа приказна не е за вас!

Гледајќи ги сите овие девојки во своите кратки блузички сигурно и вие сте посакале да набавите барем еден кроп топ на овие високи температури.

Но ако веќе НЕ сте во лудите дваесетти години, тогаш сигурно овој тренд и не ви изгледа баш најдобро за вашите години. И во право сте. Но за среќа оваа сезона на полиците во продавниците пристигнаа модели и кои не се баш најмладешки и кои можат слободно да ги носат и посериозни жени. Трендот веднаш со две раце го прегрнаа и модните блогерки кои на социјалните мрежи ни претставија одлични комбинации.

Станува збор за блузи кои од напред се врзуваат во јазол или панделка, и за разлика од обичните „кроп“ топови изгледаат префинето и елегантно. Се согласуваат супер со панталони и здолништа со висок струк, па не ви требаат совршени стомачни мускули за да ги носите.

Можете да ги носите и преку долги маици, како на пример оваа блогерка ...

Па доколку ве наговоривме оваа сезона и вие да набавите еден „кроп“ топ тогаш задолжително погледнете ги нашите предлози, а меѓу нив и моделот кој ни доаѓа од македонскиот бренд Factory.

Mango

Pull And Bear

Zara

Topshop

Factory

Инаку, во соработка со Трговски.мк доделуваме три вакви „кропнати“ маицички, а како да ги добиете погледнете на следниов линк.

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?