matte

И Бијонсе понекогаш купува од вашата омилена интернет продавница

Помеѓу своите 101 милиони следбеници на Инстаграм Бијонсе очигледно има и многу трудници кои се возбудени што го делат искуството со познатата пејачка. Но сега многу од нив можат да се пофалат и дека имаат и парче облека како поп кралицата бидејќи штом таа ја сподели фотографијата на која позира во лежерно издание, сите полудеа по обичната бела маица со натписот „Preggers“ што е американски сленг за бременост.

Но доколку се прашувате како многу жени можат да си дозволат парче облека кое што го фура и Бијонсе, одговорот е едноставен – не станува збор за никакво дизајнерско парче, туку за мошне поволна маица од Асос. Да, добро прочитавте, очигледно дека и Бијонсе понекогаш сака да скокне и да си купи нешто од вашата омилена онлајн продавница.

Еве во која продавница во Mакедонија ќе ги најдете најубавите маици со натписи >>

И секако, маицата се распродаде преку ноќ, но АСОС има обичај да врати некои популарни парчиња во продажба, па се уште не се изгубени сите шанси да ја имате истата маица од 23 долари како и Бијонсе.

Отвори ја галеријата што следува и види ги цените на најубавите маици со натписи од најпознатите брендови во Македонија >>

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com