Панталоните со таканаречената paper bag силуета по ИТ статусот што го имаа во 80-тите повторно се враќаат на модната сцена.

Покрај класичните панталони со цевка крој, популарните килоти и palazzo модели кои се совршени за топлите пролетни и летни денови, paper bag е модел на панталони со висок струк дополнително нагласен и стегнат со врвка или ремен со кој се создава волумен под и над истакнатиот дел од половината. Тие истовремено имаат и женствен и андроген изглед и стојат добро на различни топови на тело и најразлични стилови па сигурни сме дека ќе го најдат своето место во плакарите на многу девојки.

Панталони од кои славните девојки не можат да се одвојат >>

Новиот тренд кој беше претставен на модните писти на големите модни куќи ги освои модните икони од целиот свет. Па така набргу од пистите се преселија на улиците каде познатите street style ѕвезди веќе ги „инкорпорираа“ во своите пролетни комбинации. 

Панталони кои секоја дама треба да ги има во своите плакари >>

И секогаш кога станува збор за еден ваков голем тренд, секако дека истиот набргу го пронаоѓа своето место и на полиците кај најпознатите комерцијални брендови каде оваа сезона можете да најдете фантастични парчиња. Тие можат да бидат направени од тексас и да преставуваат вашето омилено лежерно и опуштено парче за оваа сезона, или пак да бидат направени од елегантни и луксузни материјали и споени со бејзик парчиња да добиете едноставни комбинации од кои со минимален труд ќе го извадите максимумот и ќе изгледате шик.

НАШ ИЗБОР

Bershka

Mango

Mango

Премини на следната страна >>


Booking.com