matte

Розовите нијанси ќе бидат хит и оваа пролетна сезона.

Секој познат комерцијален бренд ја има оваа боја во своите пролетни колекции, а овој пат тие се зачинети со карнери, везови, панделки и шик модни додатоци. Ова се однесува и на познатиот шпански бренд кој оваа сезона розовите парчиња ги комбинира со деловни панталони на риги, но и со кафеави тонови, бела боја и по некое парче во силна нијанса. Едноставно според модните гуруа кои стојат зад овој познат шпански бренд оваа пролет едноставно НЕ постојат строги правила - кежуал парчиња можете да носите со елегантни, спортски со романтични и минималистички со раскошни детали. Па ако досега не паднавте на розовиот тренд, сигурни сме дека овој пат Манго ќе ве маѓепса со својата женствена приказна.

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com