FaceBook  Twitter  

Откако познатиот шопинг портал Net-a-Porter ја најави соработката со британскиот дизајнер Џонатан Андерсон за новата капсула колекција со кошули, ова основно парче веднаш се најде во фокусот на најпознатите модни магазини.

Според Сара Рутсон од Net-a-Portera кошулите се основно парче на многу жени, па така и оваа соработка е резултат од одличната продажба на кошулите преку онлајн платформата Net-a-Porter. Андерсон пак, по повод на оваа соработка изјави дека кошулите се дел од машката и женската гардероба „парче во кое машката и женската мода се сретнува“. Ова не води до заклучокот дека сите жени во своите плакари сакаат да имаат добара кошула која би можеле да ја носат во најразлични пригоди. Во деловниот свет кошулите се маст-хев парче во секој дрескод. Но тоа не значи дека не треба да има интересен крој. Дизајнерот Џонатан Андерсон во својата колекција понуди асиметрични парчиња, плисирани и набрани, па дури и со голи раменици. Или кроени така што неизбежно потсетуваат на популарните „wrap“ фустани.

Покрај овие модели оваа сезона во мода се и кратките кроп кошули, како и долгите „shirt dress“ модели. Сите тие можат лесно да се комбинираат со секојдневните деловни пригоди, но и да се носат во опуштените секојдневни изданија, каде благодарение токму на овие парчиња ќе изгледате елегантно и посебно. Особено ако ја носите на модерен начин (види тука), со неколку откопчани копчиња, со подвиткани ракави, вметнати само во еден дел во панталоните или здолништето... Оваа пролет во мода се и кошулите со најразлични кроеви, бои и дезени, но сепак белата кошула е незаменлива! Претпоставуваме дека веќе имате неколку во вашите плакари, а доколку сте расположени за шопинг токму сега е вистинскиот момент бидејќи продавниците се полни со модели кои ќе ви се допаднат.

Отворете ја галеријата во продолжение погледнете ги цените на најубавите модели кои нашите уредници ги избраа од најпознатите брендови.

види повеќе »

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Рeсторан "Пивница" е лоциран во строгиот центар на градот и постои од 1963 година, додека во 1997 година е возобновен. ...
Хотел "Томче Софка" е лоциран непосредно до центарот на Скопје во Градскиот парк. ...
Хотел ВОДНО – Вашиот избор за свадба од соништата
Ресторан и пансион Кутмичевица
Хотел Метропол**** е дел од Metropol Lake Resort