Нашиот омилен бренд за долна облека

Романтични дезени, модерни бои, раскошен вез и транспарентност се карактеристични за колекцијата Lisca Fashion за есен-зима 2017. Во сериите може да забележите силно испреплетување на смели и исклучителни женски линии кои ги карактеризираат новите модерни модели. Нив ги спојува убавина, совршеност и функционалност, а од друга страна нежна романтика во чистите линии на вечниот минимализам.

Колекцијата вклучува долна облека од различни големини, со големина на корпа до Х и обем од 65 . Со новата есенска сезона има некои новитети, како што е градникот со пенести SOFT корпи до големина Е, panty бразил гаќички со нов крој, push up градник со нов облик за поприроден изглед на деколтето и градник со пенести корпи без жица - Wireless soft bra, дизајниран за секој кој сака удобност. Обезбедува релаксирано секојдневно носење.

Мек еластичен материјал во колекцијата на спалната програма Lisca Fashion го гали телото. Пријатната и топла есенска колекција е одличен додаток со долната облека - можете да ги одберете вашите омилени пижами или ноќница во соодветни тонови.

Повеќе модели погледнете во галеријата што следува >>

види повеќе »

Booking.com