Кендал Џенер позираше во новата кампања за La Perla

Надреална градина со гигантски хибискуси во впечатливи бои и познатата манекенка од која вреска „слободата“ на голотијата додека ги носи егзотичните модели на брендот од новата пред-есенската колекција. Генијалните фотографии се со потписот на познатиот двоец Мерта и Маркус, а со психоделичниот израз во нив La Perla сака да привлече нови (и стари) клиенти. Имено, магичните гаќички од тантела, Freedom Panty, кои Кендал ги носи на насловната фотографија претставуваат револуција на пазарот со танги, велат од познатиот бренд за долна облека. Направени со во осум бои и изработени од најфина француска тантела и потполно се прилагодуваат на вашето тело па додека ги носите „не чувствувате ништо“. Во колекцијата покрај гаќичките што ослободуваат се наоѓаат и преубави ноќници со цветни дезени, едноделни костими за капење како и комплети долна облека.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?