Меланија продолжува да не фасцинира со својот беспрекорен изглед

Првата дама во фантастично издание со потписот на Александер Меквин се сретна со премиерот на Тајланд и неговата сопруга во Њујорк. И тоа токму во истиот момент кога во Париз се одржуваше ревијата на престижниот моден бренд. Интересно е тоа што ова не е прв пат најпознатата Словенка на светот да ги следи случувањата од модниот свет. Само неколку дена претходно, откако Раф Симонс ја покажа својата колекција за Келвин Клајн, Меланија заблеска во еден модел од истиот бренд. Овој пат станува збор за фустан со крој кој ја следи линијата на нејзиното тело до колковите, а потоа благо се шири во нежни фалти, а целата комбинација ја зачини со фантастични високи потпетици со потписот на генијалниот Лобутин.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Меланија?

Фустанот што го носеше Меланија чини 6000 долари, а од истиот бренд постојат неколку различни верзии што можете да ги видите тука >>

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?