ban2

Продавниците на Зара се едни од омилените на девојките од целиот свет

Популарниот бренд секоја сезона има по некое парче кое е хит во целиот свет и кое преку ноќ го снемува од полиците. И кога станува збор за едно такво парче, единствената маана е што може да ви се случи да сакате да си купите нешто од овој бренд, кое веќе сте го виделе во модните магазини, но веќе да е распродадено, а половина град веќе го носи, па сега постојано ве потсетуваат и се нервирате што останавте со празни раце.

Токму таков е и случајот со тексас фустанот со голи раменици кој досега сигурно сте го виделе како го фура некоја девојка. Секако дека фустанот веќе е распродаден, и толку е популарен што има и свој сопствен блог - The Blue Off-The-Shoulder Dress From Zara (синиот фустан со голи раменици од Зара) кој е преполн со фотографии од девојки што го носат.

Блогот го започна њујорчанката Лулу Краусе која за порталот „Refinery29“ раскажа дека до идејата дошла откако низ градот постојано почнала да гледа девојки како носат еден ист фустан. „Почнав да ги фотографира девојките што носеа ист фустан, а потоа одлучив фотографиите да ги споделам на посебен блог и тоа се покажа како одлична идеја“ вели Лулу.

Но, како што веќе рековме, ова парче веќе го нема низ продавниците, па доколку НЕ сте една од оние среќнички што веќе го имаат во своите плакари, погледнете ги овие неколку достојни замени од истиот бренд кои се уште ги има на нивните полици.

1,590.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

1,990.00 MKD

Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?