Таа е една од најпознатите балкански трендсетерки

Познатата хрватска пејачка со една од своите последни објави на Инстаграм ги воодушеви сите. Имено, станува збор за фотографија на која носи скапоцен фустан од Гучи каков што носеше и пејачката Кети Пери во нејзиниот најнов спот. Станува збор за асиметрична креација во впечатлива жолта боја зачинета со цветови и панделка во пределот на половината која веднаш паѓа во очи. Фустанот е од последната колекција на познатиот бренд, а единствената маана му е што можат да си го дозволат само дами со подлабок џеб (или пратенички со неколку десетици илјади евра патни трошоци!), бидејќи за него треба да издвоите 3830 евра.

Истиот фустан го носеше и актерката Ема Стоун и во него ја прослави номинацијата за Златен глобус на забавата на W магазинот.

Северина го носеше во комбинација со уште еден популарен тренд – кратки шишки со кои изгледа многу помладо и кои и стојат одлично.

Што мислите вие?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?