Комбинациите кои ги носиме кога одиме на работа или додека сме на деловен состанок не мора секогаш да бидат строги и досадни.

Ова особено важи за летната сезона кога ни е дозволено да се поиграме со полежерни парчиња од плакарите, а ова се однесува и за нашите деловни изданија. Ретки се местата каде правилата се извонредно строги кога станува збор за нашиот кодекс за облекување. Во повеќето случаи работната средина го има прифатено лежерниот деловен изглед, особено кога температурите се неподносливо високи и кога фустаните ни се наметнуваат како одличен избор во секоја деловна средина.

Од друга страна и сезонските попусти се одлично време за обнова на гардероберот, а едноставните летни фустани кои можеме да ги носиме кога одиме на работа не чекаат во секој излог. Миди должината ќе биде примерна за во секое опкружување, додека силата црвена боја и дезените со риги ќе ви помогнат да создадете шик класичен изглед. Од друга страна не треба да ги заборавиме и wrap фустаните и фустаните кошули кои се мошне популарни и сега конечно можеме да ги набавиме на попуст.

Погледнете ги нашите предлози во галеријата што следува ...

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?