matte

По овој фустан полудеа трендсетерките од целиот свет

Фустаните во бела боја се популарни секоја летна сезона, но овој пат еден од најпопуларните модели е еден интересен модел кој е со класичен крој, но со изразито ефектни детали. Она што го прави токму овој фустан да биде еден од најбараните се деталите како асиметричниот крој во горниот дел кој го открива едното рамо, потоа миди должината која може да одговара речиси на секоја жена, но и деталите кои се везени и направени од тантела.

Фустанот во долниот дел е направен од два слоја со што се постигнува ефект на проѕирност, а романтичноста му ја даваат впечатливите карнери во пределот на ремениците и градите, како и везот во долниот дел направен во облик на кругови.

Next - White One Shoulder Lace Dress

Можете да го носите на бројни начини и во најразлични пригоди, а најдоброто е што не станува збор за прескапо дизајнерскo парче, туку истиот можете да го порачате од сајтот на познатиот британски бренд Next по цена од „само“ 85 фунти.

Па, дали ви се допаѓа овој модел?

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com