Нови „забегани“ фармерки, овојпат директно од полиците на Зара.

Не веруваме дека мажите (или барем оние кои што ги познаваме) би се снашле со еден ваков неверојатно грд модел.

Одвратни се – најбизарните фармерки што сме ги виделе досега! 

Скинатите фармерки веќе неколку сезони се популарни меѓу припадничките на понежниот пол, но Зара отиде еден чекор понатаму и се обиде овој тренд да им го наметне и на мажите.

Станува збор за новата пролетна колекција во која се најде и овој модел за кој едноставно не можеме а да не се запрашаме – како?

Таа е кралица на панталоните кои сите ќе ги носиме оваа пролет >>

Како се сетија да направат ваков модел? Не веруваме дека нешто слично би носеле ни дамите, а маж во вакви фармерки – едноставно не иде, нели?! И покрај тоа што ни доаѓаат во боја која е хит за оваа сезона (види тука) на фотографијата се стилизирани со црвена марама врзана околу колената што исто така не тера да се запрашаме – зоштоооо?

Што не е во ред со дизајнерите на Зара?!

Но, тие не се единствените фармерки кои ги изненадија фановите на овој познат комерцијален бренд, бидејќи според она што можевме да го видиме во нивните продавници, вистински хит се и фармерките со пораки, но тие се далеку понормални од скинатиот модел.

И од најодвратните фармерки има погрди – нов модел кој сигурно нема да ви се допадне >> 

И некои други модели не се баш за фалење, па доколку имате брат, момче или некој пријател кој му требаат нов пар пролетни фармерки, испратете му го линкот што следува за да знае кои модели од овој бренд НЕ треба да ги купува.

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?