matte

Нов тренд кој можете да го фурате без да потрошите денар

На сите ни е јасно дека 2017 е година на луди и откачени трендови, но и дека овој модел на фармерки не е првиот (а најверојатно не и последниот) необичен модел што ќе биде популарен во наредните неколку месеци. 

И токму кога помисливме дека ништо повеќе не може да не изненади кога е модата во прашање, и особено поигрувањето со кроевите на новите модели на фармерки, се појави овој крајно бизарен и необичен тренд.

Скинати фармерки што ги обожаваат девојките од целиот свет >>

Имено, популарниот Barneys понуди модел на фармерки кој подразбира нивно носење на обратната страна. Станува збор за идеја на дизајнерот Бен Тавернити во склоп на неговиот проект „Unravel Project“ кој веќе е хит на социјалните мрежи.

Во понудата можете да најдете долги, но и кратки „свртени“ фармерки, но доколку сакате да ги имате во вашите плакари за нив ќе треба да издвоите неверојатна сума од 975 долари. Или доколку имате храброст и сакате да ги носите овој тренд, а НЕ сте ќерка или сопруга на некој министер или политичар кој е предмет на истрага во СЈО, и не сте луди да потрошите толкава сума пари за фармерки, не разочарувајте се бидејќи овој тренд можете да го пробате и вие. Се што треба да направите е вашите омилени стари фармерки да ги превртите и веднаш ќе добиете сосема нов тренди модел. И тоа потполно бесплатно!

Одвратни се – најбизарните фармерки што сме ги виделе досега >>

Пред неколку недели бевме изненадени и од необичниот модел од Топшоп со кој предизвикаа разочарување меѓу своите обожаватели (види тука), а сигурни сме дека до крајот на годината ќе видиме и други вакви модели.

Што мислите вие за овој тренд?

Како да носиме фармерки во преодниот период >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО