FaceBook  Twitter  

Мислам дека сите ќе се согласите дека купувањето фармерки понекогаш знае да биде навистина напорно и досадна работа.

Постојано испробување на најразлични модели се додека не дојдете до моделот кој најмногу ласка на вашето тело. Но додека да се случи тоа, морате да ги поминете сите продавници од кои најчесто купувате и да пробате милион различни модели, односно да изгубите драгоцено време. Тоа добро го знае и Алексија Елкем и токму заради тој проблем го лансираше брендот „Miaou“, а првото парче што го претстави во јавноста сигурно ќе ги воодушеви сите жени. Во прашање е модел на фармерки кои стојат добро на сите девојки и на секоја фигура.

Моделот е со ретро крој и со еластин кој е идеален за жените со поголеми облини, но подеднакво добро стојат и на послабите дами. Овие шик skinny фармерки се продаваат по цена од 202 долари и се достапни со величини од 36 до 48.

Инаку, Алексија е ќерка на Сергеј Азрија, братот на Макс Азрија и сопственикот на модните брендови „Joie“, „Current/Elliott“ и „Equipment“. Таа одлучи да се впушти во сопствена модна авантура и го лансираше својот сопствен бренд „ Miaou“, а нејзиното прво парче сигурно ќе ги воодушеви жените ширум светот.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

BEST WESTERN Hotel Bellevue е лоциран близу скопскиот аеродром, но не деалеку и од центарот на градот. ...
Хотел, спа центар и аква паркот Изгрев е сместен на самото крајбрежје на Охридското езеро во Струга. ...
Хотел ВОДНО – Вашиот избор за свадба од соништата
Нашиот елегантно опремен ресторан се наоѓа во подножјето на Националниот парк Пелистер, на излезот од Битола. ...
Хотелот е сместен во центарот на градот, во срцето на Струга.