Нов тренд што го фураат познатите ИТ дами

Познатите девојки се опседнати со овие мали чантички што ги носиме врзани околу половината и кои претставуваат одлична алтернатива за обичните чанти, особено ако сакате вашите раце да останат слободни.

Погледнете како модните икони како Бела Хадид, Кендал Џенер и Рита Ора го фураат овој моден додаток како еден од најклучните трендови за оваа сезона. Што се однесува до нас, нам најмногу ни се допадна моделот што го носи Ким Кардашијан, но и малата „fanny pack“ чантичка со препознатливото лого на „Louis Vuitton“ што нејзината помала полу-сестра, Кендал Џенер, ја комбинираше со уште еден тренд – популарниот кариран дезен!

Па, дали ви се допаѓаат овие модни додатоци?


Booking.com