По влакнестите папучи, оваа есен ќе носиме и влакнести чанти ...

Повеќе од 100 % сме сигурни дека Кенда Џенер ќе ја зголеми продажбата на оваа розова влакнеста чантичка од Топшоп (£39) со која минатиот викенд се прошета низ Њујорк. Станува збор за симпатичен тренд кој е присутен на модната сцена од претходната сезона и кој сега може да го доживее врвот на својата популарност, особено откако почна да го фура Кендал, и тоа модел кој од познатите дизајнерски имиња се пресели на полиците кај комерцијалните брендови. Многу сличен модел, минатиот декември, носеше и познатата британска дизајнерка Викторија Бекам. Таа тогаш се прошета во шик парчиња од нејзината pre-AW17 колекција, а токму чантата и обувките со V израз оставија најголем траг во претходните сезони.

За разлика од Викторија, Кендал го покажа овој тренд во ново светло носејќи го со едноставна и класична облека како што се пар фармерки со висок струк, бела кошула со интересен детаљ и пастелно розови високи потпетици.

Topshop Dolly Faux Fur Tote Bag (£39)

На следната страна погледнете како да го „позајмите“ ова шик издание на познатата манекенка >>


Booking.com