Брендот Делпозо на Модната недела во Њујорк ги претстави своите впечатливи обетки со кои ги воодушеви познатите ИТ девојки и трендсетерки.

Добро парче накит секогаш е добра идеја кога сакате да ги „подигнете“ вашите едноставни комбинации. Но Џозеф Фонт, креативниот директор на познатиот бренд Делпозо, со седиште во Мадрид, за пролет 2017 претстави „суперсајз“ обетки во кои едноставно се вљубивме на прв поглед. Обетките можат да се најдат во најразлични бои, од зелена до нежна бела и боја на циклама, и според предвидувањата на модните критичари следната пролет ќе бидат вистински хит меѓу познатите трендсетерки и модни инсајдерки.

Еве како изгледа и поскромната варијанта:


Booking.com