Ешли Греам во неверојатно секси издание

Познатата плус-сајз манекенка повторно успеа да не остави без зборови. Таа го посети егзотичното Мароко каде снимаше модна кампања за својата линија на костими за капење која ја направи во соработка со познат бренд на кој му направи одлична реклама. Раскошната убавица на социјалните мрежи објави неколку разголени фотографии, а најмногу внимание привлече со оние на кои носи танга и јава камила.

Ешли има 30 години, а својот успех во модната индустрија го постигна благодарение на бујните облини и вишокот килограми. Таа е една од најплатените модели на светот, а во Мароко снимаше кампања која сигурно ќе се памти уште долго време. Станува збор за модна кампања за брендот „Swimsuits For All“ поради која мораше да се зближи и со една камила со која што ја делеше главната улога. Таа додека ја јаваше носи розов горен дел и секси црвени танги, а во центарот на вниманието покрај песочната плажа беа и нејзините раскошни облини.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?