Убавата Британка Искра Лоренс (27), покрај познатата американка Ешли Греам е една од најбараните плус-сајз манекенки која постојано ја промовира женската убавина во сите облици и големини.

Како и многу други трендсетерки, и плус-сајз моделот Искра Лоренс не сакаше да го пропушти новото издание на Модната недела во Лондон, а фотографите ја забележаа меѓу ревиите во познатиот лондонски ресторан Sexy Fish. Таа за оваа пригода се појави во секси издание со кое го привлекуваше погледите на минувачите.

Таа носеше бели широки панталони со висок струк, додека во горниот дел носеше ПВЦ „кроп топ“ во силна црвена боја кој беше претесен за нејзините бујни гради, па вистинско чудо е како тие останаа на свое место. Токму поради тоа и на социјалните мрежи многумина се запрашаа дали ваквиот стајлинг воопшто е прикладен за вечера во елитен ресторан, но познатата Британка воопшто не се загрижи поради негативните коментари.

Инаку, таа беше гостинка и на Модната недела во Њујорк, а во меѓувреме уште еднаш зборуваше за двојните стандарди во светот на модата: „Фотошопот е илузија. Маните не се маани, туку се дел од вас. Проблемот е во тоа што медиумите и општеството нон-стоп не уверуваат дека тоа е нешто лошо“ – рече Искра која сака да повторува дека уште кога имала 18 години воочила дека не треба да го менува своето тело туку модната индустрија.

Таа за магазинот „Fabulous“ откри дека во минатото користела диети но подоцна одлучила да ги засака своите облини. „Испробав екстремни диети мислејќи дека ќе бидам посреќна. Поминав толку години борејќи се против себеси. На почетокот дури ме одбиваа и во агенции за плус-сајз модели бидејќи за нив бев преслаба! Потоа одлучив да бидам она што сум и да се изборам за свое место во светот на модата “ вели оваа убава русокоса девојка.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?