Дали ви се случило да сакате да купите некое парче бидејќи сте виделе како им стои на девојките на социјалните мрежи?

Откако се појавија популарните хаштагови како што се #OOTD, #WIWT (или #outfit, #shopping, #Style и сл,) оваа социјална мрежа стана непресушен извор за фантастични модни комбинации. Токму затоа и се обидовме преку Инстаграм да дојдеме до 5-те водечки трендови кои ќе бидат хит и оваа есен, и со кои сигурни ќе освоите бројни лајкови.

Кроп топ маица со натпис

Овие маици беа хит во топлите месеци, а според познатите ИТ девојки, ќе бидат популарни и во преодниот период.

Фото: @lazarovas1

FACTORY

Па доколку веќе немате една во вашите плакари, еве ви неколку интересни модели од Македонскиот бренд Factory, како и неколку модни инспирации од наши девојки.

Фото: @lazarovas1

Блузи со отворен грб

Сега е вистинското време да покажете малку кожа. Но овој пат не мислиме на кратки шорцеви, фустани или маци, туку на блузи со долги ракави и со отворен грб кои се како создадени за преодниот период.

TOPSHOP

Тие ги преплавија социјалните мрежи и дефинитивно се едно од оние парчиња кои што секогаш ги лајкуваме кога ќе видиме како некоја девојка ги фура, па доколку сакате да имате повеќе лајкови крајно време и вие да имате барем еден ваков модел во плакарите.

Обувки со отворена пета

Време е нашите сандали да ги замениме со чевли со kiten потпетици и отворена пета.

MANGO

Приказната започна со Шанел и Диор, а потоа Инстаграм преку ноќ стана преплавен со овие модели кои за наша среќа многу брзо стигнаа и во продавниците на познатите хај-стрит брендови.

Брендирана чанта

Малата плико чантичка од Луј Витон со препознатливото лого повторно е во мода. На трендот му се поклони и нашата позната водителка Лила Филиповска која на фотографијата носи модел кој ги освои познатите дами како што се Бијонсе, Ким Кардашијан, Кендал Џенер и многу други.

Фустани со ѕвонести ракави

Ако сакате да добивате лајкови на контото на тоа што сте успешна, самоуверена и модно освестена жена, тогаш во вашите плакари задолжително мора да имате барем еден фустан со вакви ракави.

 

И секако, не заборавајте го хаштагот #girlpower...

H&M

Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?