Таа изгледа секси и покрај целулитот и стриите

Познатата пејачка и актерка Кристина Милијан со години е прогласувана за една од најубавите жени иако отсекогаш имала целулит и стрии и им пркосела на стандардите за женска убавина.

Ситуацијата не е ништо поразлична и ова лето, а тоа можевме да го видиме и откако се појавија фотографиите од Мајами на кои таа носи минијатурни розови бикини. Се покажа дека Кристина изгледа беспрекорно, и покрај тоа што и се познаваат несовршеностите.

Таа е одличен пример за жена која изгледа самоуверено и која знае дека најважно е да се чувствувате убаво во вашето тело.

Да, секој е убав на свој начин, а Кристина постојано добива позитивни коментари кога ќе го покаже своето тело притоа не сокривајќи ниту еден детаљ на него. Очигледно дека овие „несовршености“ воопшто не му сметаат ни на нејзиното момче, кантавторот Мет Покори кој ретко го тргаше погледот од неа додека уживаа заедно на јахтата.

Мет дефинитивно не е еден од оние мажи кои кај претставничките на понежниот пол гледаат и критикуваат и најситните маани. А повеќе од сигурни сме дека има и такви, па дури и меѓу дамите, кои и на ова прекрасно женско тело би му нашле еден куп замерки.

Што мислите вие?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?