Костим за капење кои баш и не ви ги препорачуваме ...

Оваа сезона трендовите кога се во прашање костимите за капење се мошне необични. Токму еден таков модел носеше и пејачката и актерката Кристина Милијан додека се одмараше на плажа во Мајами. Станува збор за мрежест дводелен модел кој стратешките места ги покрива со затворен материјал и во кој дефинитивно не можете да поминете незабележано.

Сличен ваков модел пред неколку недели носеше и фолк пејачката Сека Алексиќ додека позираше покрај базенот во нејзиниот дом. За разлика од оној на Кристина, моделот на Сека е со долги ракави и без детаљ од мрежа во долниот дел, и кој и покрај тоа што важи за еден од најгрдите трендови, мораме да признаеме дека на пејачката и стојат одлично.

Што мислите вие?

Фото: Инстаграм/Принтскрин

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?