ban2

Ким Кардашијан е позната по нејзиниот гоолем задник, и навистина отсекогаш ни било чудно зошто тоа им се допаѓа и на мноогу жени.

Имено, познатото ТВ лице и поранешен модел на Версаче, Џенифер Памплон (24) тврди дека вбризгала речиси два литри сало во својата позадина како би имала поголем задник од најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан.

„Докторите ме прашаа дали се плашам дека ќе умрам од операцијата, но по мое мислење, ако се случи тоа, ќе умрам убава и среќна“, вели симпатичната Џенифер, а ние, најискрено, се уште не можеме да престанеме да се чудиме на нејзината преголема опседнатост со гооолеми задници! Според неа, се почнало кога имала само 17 години ...

„Луѓето секогаш го коментирале моето тело и кога се забавував со еден професионален фудбалер тој постојано се жалеше дека задникот ми е мал и дека сум преслаба“, се сеќава Џенифер. Од тој момент манекенката станала опседната со својот задник и досега преку 10 пати вбризгувала сало (што и да значи тоа, по ѓаволите!) за да го зголеми.

И еве го резултатот ...

„Конечно имам задник како Ким Кардашијан. Сега знам дека е прекрасен и дека можам да го споредам со неа бидејќи е толку масивен и голем“, вели девојката која досега има потрошено преку 400.000 долари на корекција на своето тело што вклучува операција на градите, липосукција, операција на носот и отстранување на 4 ребра. Но таа овие пари, кои патем еден просечен Македонец не може да ги заработи и во текот на три свои животи, НЕ го доживува како трошок туку како вложување во себе.

За да изгледа вака морала да извади 4 ребра?

„Мајка ми не сакаше да зборува со мене кога го виде мојот нов задник, бидејќи не разбира дека тоа е причината поради која сум позната. Доаѓам од сиромашно бразилско село, а успеав да се запишам во едно од најдобрите школи за актери во Њујорк, да станам славна и да основам своја фирма. Јас сум добра личност, го поддржувам семејството, не пијам и не се дрогирам туку секој ден се обидувам да бидам што подобра личност, вели Џенифер.

Па, што велите за неа? А за нејзиниот задник?

Бел или црн бумбар?

(metro.co.uk)

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?