И на социјалните мрежи ништо ново

Најпознатите убавици на оваа социјална мрежа и оваа недела објавија фотографии кои се со типичен летен потпис – од заводливи црвени усни, до голи екстремитети кои му се поклонуваат на сонцето. Моделот Ари Вестфал направи естетско патување низ времето навраќајќи се на 80-тите со облеката и фризурата со која не потсети на Лидија Вукичевиќ и на времето кога наместо за турските серии сите зборуваа за Династија и Подобар живот. Во фокусот се нејзините страсни црвени усни и златни обетки, додека прекрасниот модел и актерка Емили Ратајковски остана верна на својата мисија да ги направи бикините секојдневна облека. На оваа бранова должина се и нашите убавици Марјана Станојковска и Јелена Спенџарска.

Од друга страна на спектарот пак, прекрасната Лупито Нионго ни покажа колку егзотично може да изгледа црнкиња во бел костим за капење, додека манекенката Карли Клос ни ја покажа својата златна грива додека седи и се одмара во гламурозно издание на столчето за шминкање и нестрпливо чека да дојде моментот кога ќе замине на годишен одмор.

Останатите фотографии можете да ги видите на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?