Магазинот Максим традиционално ја избра најубавата жена на светот, а овој пат титулата и припадна на 20 годишната Хејли Болдвин.

Хејли спаѓа во генерацијата „Инстаграм модели“ заедно со своите неразделни пријателки Бела Хадид, Кендал Џенер и сл. Станува збор за манекенки кои славата ја стекнаа благодарение на своите познати презимиња, а модниот свет ги обожава и бидејќи имаат милиони следбеници на социјалните мрежи што ги прави да бидат мошне влијателни.

🌞🌞🌞🌈

A post shared by Hailey Baldwin (@haileybaldwin) on

SEEEEE YA! 😝😝😝

A post shared by Hailey Baldwin (@haileybaldwin) on

Конкретно, Хејли има преку 10 милиони обожаватели, па се што ќе облече или промовира станува хит и нејзините спонзори ги тријат рацете задоволно. А познатата убавица во последно време промовира еден специфичен модел на костим за капење. Ист таков модел обожава и Емили Ратајковски, но и многу други девојки кои сакаат да уживаат во морските радости, без притоа да се грижат дека нешто ќе им „испадне“ од бикините.

Покрај тоа горниот дел може да го носите и како маица бидејќи изгледа како популарните „кропнати“ маици, а се што ви треба е само еден пар кратки тексас шорцеви, или здолниште, и подготвени сте да ги освоите погледите на некоја плажа.

Па, дали ви се допаѓа ваков модел на костим за капење?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?