matte

 И овие девојки имаат кожа како кора од портокал.

Шанел Иман

Од фотографиите што следуваат ќе можете да видите дека и познатите (и богатите) девојки имаат проблем со стрии и целулит, а меѓу нив повеќето важат за едни од најубавите жени на светот. Да, целулитот не треба да преставува нешто поради што ќе се чувствуваме непријатно, особено не сега на овие високи температури кога носиме кратка облека, но и кога треба да скокнеме во костими за капење и максимално да се опуштиме на некоја плажа. Па, погледнете ја галеријата и не заборавајте дека природната убавина е она што е најважно, а малите недостатоци не прават посебни. Единствени. Убави, секоја на свој начин ...

Плус-сајз манекенката Ешли Грејем постојано зборува дека е горда на својот целулит. Ние поради ова би ја предложиле за Нобелова награда.

Ума Турман е фотографирана на плажа додека снима реклама, но очигледно не е премногу загрижена за својот целулит. А треба ли?

И покрај редовнот0о вежбање и диетите Клои не успеа да се реши од целулитот. Во краток фустан оваа маана тешко може да се сокрие, се додека не измислат вакцина за неа. Кој знае, како што тргнала работата, можеби и овие вакцини ќе бидат задолжителни.

Дури и Алесандра Амбросио има проблем со целулит.

Инаку, пред неколку недели, додека седев покрај море на една преубава плажа на Ситонија, Грција, пред мене помина една баба. Мислам жената имаше најмалку 60-тина години. Во рацете носеше маска и црево за нуркање, а на нозете имаше ременче со футрола за нож. Носеше нормални бикини и нејзиното тело изгледаше прекрасно што дури и ме потсети на култната сцена од Џемс Бонд со Хали Бери во портокаловиот костим за капење. Кога ќе ја погледнете одзади, или само нејзиното тело, нема шанси да погодите дека толку е стара. Годините и се познаваат само во изразот на нејзиното лице, и по неколкуте бели прамени во косата, додека на телото немаше воопшто целулит, ниту грам вишок килограми. Но според опремата што ја носеше (човекот со бела коса кој одеше заедно со неа носеше пераи и исто така изгледаше добро!) и изгледот на нејзиното тело, ме потсети дека единствено решение ако сакаме добро да изгледаме, па дури и кога ќе остариме, покрај добрата исхрана е и редовно да вежбаме (да, од авион се познава дека оваа дама којашто туку што помина покрај мене има спортски дух!).

И секако, најбитно е да го чуваме нашето здравје ... А малку целулит на нашите нозе, или досадни стрии, тоа воопшто не е важно ...

Што мислите вие?

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com