Таа важи за една од најзгодните девојки на планетава

Џоана Крупа во вторникот позираше во секси бикини на плажата во Мајами само еден ден откако во медиумите беше објавено дека се разделува од нејзиниот сопруг Ромаин Заго. Џоана која важи за една од најпознатите модели на денешницата во овие бикини изгледа како во нејзините најдобри денови.

Познатата полска манекенка и ѕвезда од ријалити серијата „Вистинските домаќинки на Мајами“ е мошне позната и на социјалните мрежи каде често објавува провокативни фотографии, а минатата година ги воодушеви нејзините обожаватели кога објави фотографии во рамките на предизвикот за манекенки (mannequin challenge). Фотографијата на која таа гола чита книга ја направи нејзиниот сопруг Ромаин Заго со кого беше во брак четири години. Таа во една пригода во врска со нивниот брак изјави дека потпишале предбрачен договор во кој од партнерот бара да имаат секс барем два-три пати во седмицата.

Интересно е и тоа што тие и покрај тоа што се разделени на овие фотографии се гледа дека повторно се дружат заедно. Нејзиниот сопруг во врска со тоа за порталот „DailyMail“ изјави: „Навистина е чудно, но ние сега како да сме подобри пријатели отколку порано. Ситуацијата и за нас е шокантна, но кој знае, можеби тоа, еден ден, ќе ни ги отвори вратите, и ние повторно ќе бидеме заедно. Но, тоа никој не го знае, нели?“

Најжешкиот тренд кај костимите за капење за ова лето >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?