Погледнете го неговиот извонреден стил!

Џанлука Ваќи (49) е познат италијански бизнисмен и милионер кој ги воодушеви жените од целиот свет со неговиот танц, а деновиве го покажа своето секси тело во минијатурен бел костим за капење. Неговата коса и брада се средени, околу нозете има накит, а поради тетоважите и мускулите неговото тело изгледа мошне секси додека влегува во водата.

Богатството на 49 годишниот Џанлука е проценето на 300 милиони долари, а работи како тренер и претприемач. Во моментов има преку 3.3 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, додека неговата сопруга, која исто така изгледа феноменално, има преку 2 милиони.

Тие најпрво се преставија со танц пред целиот свет, а потоа можевме да прочитаме дека Џанлука се занимавал со продажба на авто-делови и дека е член на Управниот одмор на позната фармацевтска компанија. Но откако заработил доволно пари згодниот Италијанец реши да ја напушти својата работа и максимално да му се посвети на уживањето во животот заедно со својата згодна сопруга. Патувањата се нивната голема страст, како и вежбањето што можеме да го забележиме и од нивниот изглед.

Токму поради тоа, како и поради неговиот необичен стил на живот, жените го обожаваат. Тој и неговата сопруга Габриела станаа хит на социјалните мрежи откако се појави видеото кое можете да го видите во продолжение, а на кое се гледа како танцуваат

Фото: AKM-GSI

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?