Тој оваа сабота полни 56 години.

На познатиот актер оваа година најважно му е тоа што за прв пат во животот ќе стане татко. Тој и прекрасната Амал очекуваат близнаци кои на овој свет треба да дојдат во јуни. Тие се венчаа во септември 2014 година, а луксузната свадба се одржа во Венеција.

Инаку, Џорџ пред да стане најпознатиот ерген на светот, а потоа и сопруг на најпознатата адвокатка, веќе имаше еден брак зад себе. Тој во 1989 година се ожени со актерката Талија Балсам, а откако по пет години се разведе од неа во медиумите изјави дека никогаш повеќе нема да се жени. Но, пред да го прегази својот збор и да ја сретне Амал, Клуни беше со бројни холивудски убавици, а општо познато е дека е склон кон подолги врски. 

Што се однесува до цифрата со колку девојки бил досега, самиот тој досега се нема изјаснето околу ова прашање, но според таблоидите кои детално го следат неговиот живот велат дека само во последните две децении имал најмалку 100 жени.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?