Мегапопуларниот Абдул Матин е принцот на бел коњ по кого воздивнуваат девојките од целиот свет.

AbdulMateen2

Покрај тоа што е згоден и образован, тој е вистински маж со оглед на тоа дека служел и во војска. Внимава на својот физички изглед, но свесен е дека тоа не е најважно во животот.

Принцот од Брунеи е син на султанот хасанал Болкиах, а насокоро од престолот на најпосакувани ерегени од кралските семејства би можел да го симне и принцот Хари.

Семеен човек е и знае како е да се расте во големо семејство. „Имам големо семејство, но најблизок сум со постариот брат и двете сестри. Се' правиме заедно. Имам пријатели, но не можеш да побегнеш од семејството, многу сме блиски. Нивната љубов и поддршка имаа големо влијание врз мојот живот", изјави Абдул за GQ Thailand.

AbdulMateen1

Активен е на социјалните мрежи на кои има повеќе од 350.000 следбеници. Големата бројка исто така се наоѓа и во неговите банкарски сметки. Имотот на Абудл се проценува на 20 милијарди долари. Покрај се ова, тој е и голем љубител на животните.

„Би сакал да најдам девојка која е искрена и која стои со двете нозе цврсто на земја. Едноставноста е тоа што ме привлекува".. Поради оваа исповед ќе ја додаеме и скромноста како доблест на листата позитивни карактеристики.

Повеќе фотографии од принцот погледнете во галеријата што следува >>

види повеќе »

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?