matte

Оваа жена како да не старее

Таа има 63 години и се уште ги мами воздишките на многу помлади мажи, додека многу од помладите колешки и завидуваат.

Кристи Бринкли води посебна грижа за својот изглед, а неодамна во едно интервју го откри својот „еликсир на младоста“. Имено, таа изјави дека секое утро пие чаша со вода со лимон.

„Во напитокот додавам и малку мелен црвен пипер. Тоа е првото нешто што го внесувам во организмот, дури и пред кафето. Тоа најдобро го покренува мојот метаболизам“, изјави таа.

Кристи не практикува диети, но е вегетаријанка од свои 12 години и вели дека рамномерната исхрана е најважна. Покрај „еликсирот на младоста“ како што го нарекува својот утрински напиток, таа често пие и сок од кељ, лимета и портокал. Во исхраната исто така ги има додадено авокадото, семките од тиква, сончоглед, ореви но и суво грозје.

Оваа прекрасна дама првата насловна ја красеше пред 40 години. Неодамна се фотографираше во бикини за истите потреби.

Па, кој би кажал дека има 40 години помеѓу овие две фотографии?!

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com