Една од најубавите актери на светот Кејт Бекинсејл ги изненади сите со признанието дека воопшто не пие алкохол и дека така ја чува својата линија.

Познатата 43-годишна актерка го покажа своето тело во последното издание на магазинот „Шејп“, а во интервјуто откри на кој начин успева да ја задржи совршената линија. „Не пијам алкохол .Имам чувство како влијае на мене, па речиси никогаш во животот се немам напиено цела чаша со алкохолен пијалак“ призна таа. Како што вели Кејт, никогаш немала проблем да каже НЕ на алкохолот бидејќи тоа ја мотивира да тренира уште понапорно.

Тинејџерките сакаат „Барби вагина“, па поради тоа го ризикуваат и своето здравје >>

„Секогаш кога излегувам од теретана се чувствувам 100% подобро. Вежбањето за мене е најприродниот антидепресив“ вели атрактивната актерка и открива дека сега откако нејзината ќерка тргнала на колеџ има многу повеќе време за вежбање.

Еве кои вежби ги прават топ моделите за совршен задник >>

„Убаво е бидејќи сега имам соба вишок за пишување и некои други работи кои ме интересираат. Во последните неколку години на мојата ќерка и беа интересни многу други работи повеќе од мене, така што навикнавме да не сме секоја минута заедно“ изјави таа одговарајќи на прашањето колку и е тешко и падна заминувањето на колеџ на нејзината ќерка.

Најдобрите вежби кои ќе ви помогнат да го намалите обемот на половината >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?