loading...

Најпознатиот плус-сајз модел се прослави токму поради нејзините облини, а дека воопшто не се срами од нив покажа неодамна и во шуто America's Next Top Model.

Имено, таа сред емисија се соблече пред кандидатките за да им покаже како правилно треба да се однесуваат на разголено фотографирање. Додека 13 кандидатки го набљудуваа секое нејзино движење, Ешли ја соблече наметката од себе, а потоа го побара тоа и од нив. „Гледате што направив. Јас имам облини, целулит, имам делови на телото кои не ми се допаѓаат и за кои и другите ми кажале дека не би требале да ми се допаѓаат. На сите на кои им е непријатно да се соблечат нека се сетат дека јас тукушто се соблеков, па имајте и вие самодоверба“ им кажа. Таа претходно за магазинот „Self“ отворено зборуваше дека се обидува да го смени начинот на кој жените се гледаат и доживуваат самите себе.

„Ни јас не добивав работа бидејќи бев преголема. Не добивав работа кога на некои им бев преслаба. Но на крајот на краиштата, јас не сакам да се прилагодувам на тоа што некој друг сака. Тоа е мое тело и јас сум среќна во него“, изјави Ешли.

Браво!

 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО